На крајот од тениската сезона се очекува вистински спектакл во Ријад, кој го организира турнирот „Шест кралеви на слемот“ .
Новак Ѓоковиќ е на списокот од шест играчи, а заедно со него се и Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Данило Медведев, Јаник Синер и Холгер Руне. Како што претходно беше најавено, турнирот треба да се одржи во октомври, а сега се познати деталите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Британски „Телеграф“ објави дека учесниците на турнирот ќе добијат по 1,5 милиони долари, додека победникот ќе заработи дополнителни шест милиони долари.