Дома Фудбал Лига на шампиони Колку потроши Клоп за да го освои првиот трофеј со Ливерпул?

Колку потроши Клоп за да го освои првиот трофеј со Ливерпул?

Ливерпул вчера се искачи на врвот на Европа после 14 години чекање. Вчера во Мадрид со 2:0 го победија Тотенхем.

Меѓутоа освојувањето на Лигата на шампионите е нешто за кое треба да се потрошат многу пари. Јирген Клоп конечно го освои првиот трофеј со „црвените“ и тоа со играчи на кои потроши 683.3 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Црвените“ како и поголемиот број англиски клубови во последните години беа многу растрошени, а најмногу пари потрошија на Вирџил Ван Дајк.
Холанѓанецот кој беше избран за најдобар играч во финалето и Премиер лигата во текот на зимскиот преоден рок во сезоната 2017/2018 го засили Ливерпул кој за него плати дури 85 милиони евра.

Вториот најскап во ерата на Клоп беше Алисон Бекер (75 милиони), а на подиумите имаше уште место за Наби Кеита (60). Во групата на најскапи трансфери секако се вбројува и доведувањето на Фабињо (50 милиони евра) од Монако.

За напаѓачкото трио Клоп потроши 120 милиони. Мохамед Салах (42) кога пристигна од Рома, Роберто Фирмино (31) од Хофенхајм, Садио Мане (41) од Саутемптон.
Џејмс Милнер и Жоеал Матип на „Енфилд“ пристигнаа како слободни играчи, додека Трент Александер-Арнолд доаѓа од младинската школа на Ливерпул.

Eден од хероите на овој успех на Ливерпул е и Дивок Ориги кој во 2014 година пристигна после заминувањето на Луис Суарез кој беше платен 12.5 милиони евра.
На Адам Лалана беше потрошено 31 милион евра, Алекс Окслејд Чембрлејн го платија 38 милиони, а Ванијалдум 27.5 милиони евра.

Една од најдобрите зделки Клоп сигурно ја направи со Робертсон кој го доведе за само девет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …