Вардар вчера играше во изменет состав, но и во таков го победи Мотор Запорожје со 44:37 во рамките од СЕХА лигата.
Тимот на Вардар има сериозни проблеми со повреди, па и на оваа средба Кокшаров користеше крила како бекови. По натпреварот тренерот на Вардар порача дека против Кјелце во сабота ако треба ќе играат и голманите како бекови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имаме две опции или се предаваме и воопшто не одиме или одиме по победа. Јас верувам и ако треба ќе играме и со голман како бек. Пред натпреварот изјавив дека имаме планови и скоро 40 минути бевме главни на теренот. Од бековите го имаме само Скубе, па и втор натпревар во низа крилата ни играа како бекови. Сепак, ситуацијата е таква и сега мислиме на натпреварот со Кјелце во сабота“, изјави Кокшаров.
Фото: Рк Вардар