Пред натпреварот во СЕХА лигата во понеделник против Татран на денешната прес-конференција присуствуваа тренерот Едуард Кокшаров и ракометарот Димитар Димитриоски.
„Минималната цел во СЕХА лигата ја исполнивме веговме во четвртфиналето, главната цел е да бидеме први во групата. До крајот на годината ни остануваат уште два натпревари во кои треба да освоиме три бода“, изјави Кокшаров.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Знаеме дека ова е последен натпревар пред домашната публика оваа година и сигирно дека ќе дадеме 100% за да ја израдуваме публиката во последниот натпревар дома за оваа 2019 година“, изјави Димитриоски.
Потоа Кокшаров доби прашање за тоа дали се планира промена на клупата или пак тој ќе остане како трајно решение.
„Сега треба да ја завршиме прво полусезоната, а потоа ќе седнеме со претседателот и ќе ги решавме останатите проблеми“, одговори Кокшаров.