Фудбалерите во Премиер лигата заработуваат огромни плати, а англиските медиуми откриваат дека играчите на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се најплатени во лигата.
Најплатен фудбалер во Премиер лигата е Давид де Геа. Голманот на Манчестер Јунајтед неделно заработува 375.000 фунти, што е готово 20 милиони фунти по сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш после него се двете ѕвезди на Манчестер Сити, Де Брујн, кој заработува 320.800 фунти неделно и Стерлинг со плата од 290.000 фунти неделно.
Интересно е дека Месут Озил од втората падна на 5-та позиција со 268.750 фунти неделно, бидејќи дел од својата плата одлучи да му ја дава на маскотата на Арсенал.
Арсенал одлично ги плаќа и Томас Парти (260.000) и Обамејанг (250.000), а на врвот се уште Марсијал (250.000), Серхио Агуеро (230.00) и Герет Бејл (220.000).