Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез (32) буквално спие во последните сезони на гостувањата во Лигата на шампионите.
Барселона вчера му гостуваше на Лион и одигра 0:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а она што го обележи или подобро кажана што не го обележи овој натпревар беше очајната игра на Луис Суарез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Суарез не успеа да ја затресе мрежата на Лион со што е продолжена агонијата кога во прашање се гостинските натпревари на Уругваецот во Лигата на шампионите.
Последниот гол Суарез на едно гостување во Лигата на шампионите го постигнал уште во 2015 година во натпреварот против Рома. Дури 25 часа, односно 1500 минути не се израдувал кога Барселона играла како гостин. Изминатите 16 натпревари не постигнал гол.
Исто така постигна само четири гола на 25 натпревари во Лигата на шампионите, а вкупно во последните 15 натпревари без разлика дали се работи за натпревар на „Ноу Камп“ или надвор од него, искусниот напаѓач постигна само еден гол. Оваа сезона на пет натпревари во најелитното европско натпреварување само еднаш се запишал во листата на стрелци.
Luis Suarez has not scored away from home in Europe since September 16, 2015.
That was 16 games and 1253 days ago.#OLBarca pic.twitter.com/IGRWw2jd3U
— Standard Sport (@standardsport) February 19, 2019
Поради ваквите податоци јасно е зошто во последно време Барселона е во потрага по нов напаѓач, а дека и самиот Суарез е свесен за тоа потврди неодамна.
„Имам веќе 31 година и за мене е нормално Барселона да бара нова деветка. Сите ние имаме рок на траење“, изјави неодамна Суарез.