Дома Фудбал Кога се враќаат Дибала и Маркизио?

Кога се враќаат Дибала и Маркизио?

Јувентус е во проблеми. Екипата остана без Клаудио Маркизио и Дибала, а повредени се и Квадрадо и Џиџи Буфон.

Секој од нив има адекватна замена во Јувентус, поради тоа овој клуб е голем, но проблем може да настане поради густиот распоред кој ќе биде кога ќе започнат натпреварите во ЛШ.

Дибала и Маркизио се потешко повредени, и двајцата имаат иста дијагноза, па според последните анализи тие можат да се вратат за 30-40 дена.

Затоа, веројатно нема да ги гледаме на натпреварите против Тотенхем.

Од друга страна, Буфон и Квадрадо денеска не тренираа со екипата, тренираа одвоено, па нема да бидат во конкуренција за натпреварот против Џенова.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …