Дома Топ вести Кога Нејмар го направи најскапиот трансфер во историјата, еден човек си заработи мало богатство

Кога Нејмар го направи најскапиот трансфер во историјата, еден човек си заработи мало богатство

neymar

Барселона во летото 2017 година го продаде Нејмар на ПСЖ и тоа и денес е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Нејмар на „Паркот принцовите“ заврши за неверојатни 222 милиони евра и тоа засега е најголемито износ кој е еден клуб го платил за некој фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Мал“ дел од колачот од овој износ му припаднал на човекот кој бил задолжен за доведувањето на Нејмар во Барселона од Сантос во 2013 година. Ендри Кари е експерт за фудбалерите кои играат во Бразил и е задолжен да ги следи случувањата на овој пазар пред европските клубови.

Кога на Барселона пред пет години и помогнал да го ангажира Бразилецот, клубот му ветил процент од наредната продажба. Договорот бил да добир 3% од следниот трансфер на фудбалерот.

На крајот Кари за својата добро завршена работа си заработил огромна сума – 6.6 милиони евра.

Каталонскиот клуб се обидел да го избегне плаќањето на оваа сума со тврдење дека начинот на кој заминал Нејмар ги променил околностите, но според информациите сумата на крајот била исплатена.

Поради таквото однесување на Каталонците, Кари од тој момент ја прекинал соработката со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…