Дома Фудбал Англија Кога и на колку време Гвардиола ќе го продолжи договорот – Еве го одговорот!

Кога и на колку време Гвардиола ќе го продолжи договорот – Еве го одговорот!

guardiola

На Пеп Гвардиола одлично му оди во Манчестер Сити, но до кога Шпанецот ќе остана на „Итихад“?

Пеп Гвардиола наскоро ќе започне преговори со клубот за потпишување на нов договор, тоа го потврди и добро информираниот новинар на „Скај Спорт“ Гилијам Балаг.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој ги искористи своите инсјадерски информации и пренесе вест за Пеп Гвардиола, иначе тој напиша и биографска книга за стратегот на Манчестер Сити кој го носеше името „Пеп Гвардиола – Победа на поинаков начин“.

„Како што стојат работите, Пеп има само уште една година од договорот до истекот на својот тригодишен кој го потпиша при пристигнувањето во Манчестер  и скоро незамисливо е да не ја продолжи соработката. Иако сеуште немало преговори на таа тема, управата на Сити добро го знае начинот на кој Пеп работи, односно дека секогаш преговори за нов договор започува на крајот од сезоната“.

„Продолжување на соработката уште две години е исто така незамисливо бидејќи Пеп тоа не го правеше ниту  во времето додека ја водеше Барселона. Најверојатно тој на крајото д сезоната ќе го продолжи договорот кој му истекува во 2019 година на уште една, односно до јуни 2020 “, изјави Балаг.

Иначе, тимот на Пеп оваа сезона игра одлично. „Граѓаните“ се лидери во Премиер лигата со пет бодови повеќе од Манчестер Јунајтед, а утре одиграат барем реми против Наполи во Лигата на шампионите ќе го обезбедат и пласманот во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…