Кога Кедира не е повреден тој готово сигурно победува. Имено, Германецот минатата сезона одигра 20 натпревари во Серија А, од нив Јувентус победи на 19.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Европа Кедира играше на четири натпревари и победи на сите четири. Притоа, Јувентус загуби во Минхен дури кога Германецот излезе од игра.
Оваа сезона Кедира не е повреден, играше на сите натпревари и загуби само еднаш, во дербито со Интер.
Кога сето тоа ќе се пресмета во проценти, Кедира има неверојатен скор од 92% победи во дресот на Јувентус.
Германецот е незаменлив во тимот на Алегри, па „бјанконерите“ се молат само да го заобиколат повредите, бидекќи кога Кедира е на терен, Јуве готово секогаш победува.