Дома Фудбал Останато Кога започнува сезоната во најсилните првенства во Европа?

Кога започнува сезоната во најсилните првенства во Европа?

Со оглед на тоа дека помина веќе месец ипол од финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем малку е да се каже дека најсилниот европски фудбал ни недостасува.

Убаво е понекогаш малку да се одмори, но со оглед дека без Премиер лигата, Серија А, Лига 1, Бундес лига и Ла Лига сме цели два месеци можеме слободно да кажеме дека сме спремни за нови возбудувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Затоа овие денови многумина ги интересира кога започнува сезоната во овие натпреварувања.

Според многумина најсилната лига во светот, Премиер лигата оваа сезона ќе стартува на 9-ти август. Таа заедно со француската Лига 1 ќе биде прва која ќе започне. Првиот натпревар кој се игра во петок (9-ти август) навечер ќе го одиграат Ливерпул и Норвич. Од друга страна Лига 1 ја отвараат Монако и Лион.

Следните две првенства кои стартуваат ќе бидат Бундес лигата и Ла Лига. Во Германија и Шпанија фудбал во најсилната конкуренција ќе започне да се игра на 16-ти август. Баерн и Херта ќе ја отворат Бундес лигата, додека првиот натпревар во Ла Лига ќе го играат Атлетик Билбао и Херта.

Како што и сме навикнати последно првенство кое започнува е Серија А. Италијаните оваа сезона би требало да ја отворат во сабота (24-ти август), а засега распоредот се уште не е познат и поради тоа не знаеме кој ќе игра во првото коло.

Значи до почетокот на возбудувањата во најсилниот европски фудбал ни остана уште помалку од еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…