Дома Фудбал Англија „Кога дојдов во Ливерпул повеќе сакав да го импресионирам Џерард отколку Бенитез“

„Кога дојдов во Ливерпул повеќе сакав да го импресионирам Џерард отколку Бенитез“

Питер Крауч пред скоро две години ја заврши играчката кариера, а јасно е дека најдобрите денови ги помина во дресот на Ливерпул.

Крауч поради неговата градба беше еден од најинтересните напаѓачи во Премиер лигата, односно беше невозможно да не го приметите на теренот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој напаѓач во Ливерпул пристигна во 2005. година од Саутемптон за скоро 11 милиони евра. На Енфилд остана три сезони, но за кратко време стана љубител на навивачите.

Крауч се потсети на времето кога се преселил во Ливерпул и призна дека тогаш му било поважно да го импресионира Џерард отколку Бенитез.

„Кога влезете во таа соблекувална на Ливерпул автоматски станувате подобар фудбалер, тоа им се случува на сите. Тоа беше поради стравот од Стиви бидејќи се учеше од секоја грешка и едноставно бевте подобри. За мене Џерард е најдобриот фудбалер. Се сеќавам кога пристигнав во Ливерпул поважно ми беше да го импресионирам него отколку Бенитез. Тогаш имавте во екипата играч од кој сите се плашеа и тоа беше одлично. Денеска младо момче доаѓа во првиот тим и глуми ѕвезда на која ништо никој не може да му каже. Тоа е страшно.“ – рече Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве кога ќе се играат полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите

Откако се одиграа реваншите од сите четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, позн…