Дома Фудбал Лига на шампиони Кога вечерва би виделе барем половина спектакл во однос на 2010 година…(ВИДЕО)

Кога вечерва би виделе барем половина спектакл во однос на 2010 година…(ВИДЕО)

inter barca

Фудбалерите на Барселона и Интер вечерва ќе одиграат уште еден натпревар во Лигата на шампионите, но тешко дека ќе гледаме спекаткл како пред скоро девет години.

На истиот овој стадион овие две екипи приредија незаборавна вечер за сите љубители на фудбалот која не се заборава.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Таа ноќ Интер на „Камп Ноу“ пристигна со предност од 3:1 од првиот натпревар и бараше пласман во финалето од Лигата на шампионите. Веројатно никогаш во историјата не сме гледале бункер каков што тогаш одигра Интер предводен од Мурињо, а на крајот таквата игра се исплатеше. „Нероаѕурите“ иако загубија 1:0 се пласираа во финалето.

Во текот на самиот натпревар видовме безброј незаборавни детали, а „шлаг на тортата“ стави Мурињо кој сега веќе на добро познат начин го прослави пласманот во финалето и влезе во судир со тогашниот голман на Каталонците Виктор Валдес.

Сепак, тешко дека вечерва можеме да очекуваме таков спектакл, причини има безброј. Времињата се променија. На клупите повеќе ги нема Гвардиола и Мурињо, туку тука се Спалети и Валверде, а на теренот нема играчи како Чави, Анри, Ето, Милито или Снајдер, тука сега се Суарез, Кутињо, Дембеле, Икарди, Перишиќ…

https://youtu.be/9ZU0NnboKZQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…