Хрватскиот фудбалски репрезентативец Матео Ковачиќ е одлучен во намерата да го напушти Сантијаго Бернабеу.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ковачиќ во Реал Мадрид стигна во 2015. година од Интер за 30 милиони евра, меѓутоа во меѓувреме не се избори за место во стартниот тим, па извесно е дека ова лето ќе ја промени средината.
Медиумите во Шпанија пишуваат како Ковачиќ го изгубил трпението и јасно им порачал на челниците на Реал дека сака да замине, додека наводно од Кралскиот клуб и натаму се со истиот став. Реал не сака да го продаде Хрватот бидејќи во него гледа играч за во иднина и наследник на Лука Модриќ.
„Ковачиќ и натаму инсистира на заминување и дури одлучил да го прекине одморот за да договори трансфер. Ако не може да биде во првите 11. тогаш не сака да биде во Реал.“ – пишува каталонски Спорт.
Каде ќе замине Ковачиќ се уште не се знае, многу великани се заинтересирани за неговите услуги.