Во дербито помеѓу Манчестер Сити и Челзи во кое „граѓаните“ славеа победа од 2:0 видовме и една ситуација која привлече внимание.
Во 77. минута во моментите кога Сити имаше еден гол предност во својот шесенаесетник со рака играше Матео Ковачиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Судијата Ентони Тејлор покажа корнер за Челзи, додека домашните фудбалери бараа најстрога казна. Имаше кратка проверка и од ВАР од каде што беше поддржана неговата одлука.
Објаснувањето од Премиер лигата е дека иако имало со игра со рака пенал не бил досуден затоа што топката била преблиску и Хрватот немал време да реагира.
Ќе потсетиме, во продолжение токму Ковачиќ постигна гол и ги постави конечние 2:0.