Дома Останати Кошарка Коби Брајант: Србија може да го победи САД

Коби Брајант: Србија може да го победи САД

Денес ќе биде одржан ждребот за СП во кошарка кое ќе се игра во Кина од 31-ви август до 15-ти септември.

Легендарниот Коби Брајант ќе биде главна ѕвезда на ждребот. Петкратниот НБА шампион со репрезентацијата на САД освои две олимписки злата (2008 и 2012), а сега Брајант доби прашање дали Србија може да ги победи недопирливите Американци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дали може Србија да го победи САД? Одговорот е – да! Мислам дека може и убеден сум дека не се единствени кои тоа можат да го направат. САД мора сериозно да се спреми за турнирот бидејќи секако може да бидат победени“, изјави Коби за српските медиуми.

И селекторот на Србија Ѓорѓевиќ верува дека може такво нешто да се случи.

„Знам дека на сите им изгледа дека Американците се недопирливи, но еднаш им кажав на моите играчи – некој ќе ги победи, зошто тоа да не биде Србија? Со тоа им дадов до знаење за што размислувам“, изјави Ѓорѓевиќ.

Репрезентацијата на Србија на СП ќе биде помеѓу носителите со домаќинот Кина, САД, Шпанија, Франција, Аргетнина, Литванија и Грција.

Ќе потсетиме, Американците ја победија Србија на Олимписките игри во Рио и на споменатото Светско првенство во 2015 година. Во финалето на ОЛ беше 96:66, а во финалето на СП 129:92 за САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…