Дома Фудбал Англија Клубот на Алиоски дел од големата побуна во втората англиска лига

Клубот на Алиоски дел од големата побуна во втората англиска лига

alioski

Клубовите од Чемпионшип сакаат поголем процент за ТВ правата од новиот договор кој ќе стапи на сила од следната сезона.

15 клубови од второто по ранг натпреварување во Англија помеѓу кои се Лидс, Астон Вила и Дерби Каунти се во судир со англиската лига.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клубовите од пониските лиги како што се Лига 1 и Лига 2 истакнаа поддршка на договорот со „Скај“, но клубовите кои се еден ранг под најелитното првенство е против истиот.

Причината поради која се разочарани се поради тоа што секој клуб ќе доби 2.95 милиони фунти, сума за која сметаат дека прениска. Споментатите 15 клубови бараат барем двојно повеќе.

Како и да е нивниот рокот да го кажат нивниот став истекува на крајот на наредната недела, но според информациите од Островот тешко дека истиот ќе биде променет.

Ќе потсетиме во Чемпионшип за Лидс настапува и нашиот Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Копа Америка воведе дополнителна замена во посебна ситуација

Претставниците на Копа Америка следниот месец ќе имаат можност за дополнителни замени во с…