Легендарниот германски напаѓач Мирослав Клосе е принуден својата тренерска кариера да ја прекине на одредено време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клосе, кој работеше како помошник на Ханси Флик во БАерн, добил тромбоза во нозете и лекарите му препорачале да мирува.
„Дијагнозата беше шок за мене“, рече Клосе и опиша дека се започнало со големи болки во нозете:
„Имам двојна тромбоза во нозете. Веднаш ми препишаа лекови и морам да носам посебни чорапи. Лекарите беа јасни и ми препорачаа одмор. Не можам да трчам, да пливам и над се не можам да играм фудбал.“ – рече Клосе.
Клосе е најдобар стрелец во репрезентацијата на Германија на сите времиња со 71 постигнат погодок на 137 настапи, а го освои СП во 2014. година.
Тренерската кариера ја започна како помошник на Јоаким Лев, а од 2018. беше вработен во минхенски Баерн.