Италијанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул се вклучил во трката за потписот на ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.
Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и изгледа дојде време за голем трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За него веќе подолго време интерес покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Интер, а сега во трката за потписот се вклучи и Ливерпул.
Клоп смета дека Аргентинецот ќе биде идеална замена за Вајналдум, кој ќе го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната.
Удинезе за слободата на Де Паул бара 40 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати.