Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно нема да може да смета на Роберто Фирмињо во утрешниот дуел со Кристал Палас.
Бразилецот се уште се рехабилитира од повредата и не ги обновил тренинзите, додека добрата вест за Клоп е што Садио Мане е спремен за игра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Боби не е готов и ќе започне со тренинзи дури следната недела. Треба да почекаме и да видиме. За новиот договор на Салах немам што да кажам бидејќи јас не учествувам во преговорите, можам само да кажам дека е во одлична форма“, истакна Клоп.
„Садио е во добра форма. Се зборува многу кога еден напаѓач пропушта шанси, но важно е во колку шанси учествува. Сигрен сум дека наскоро ќе го постигна 100 –от гол во Премиер лигата“, додаде Германецот.