Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е воодушевен од можноста да игра полуфинале во Лигата на шампиони против Рома.
„Многумина очекуваа во полуфиналето да играат Сити и Барселона, но на крај не е така. Задно со Рома покажавме дека е можно да стигнеме до тука. Воопшто не ми е гајле што не сметаат за аутсајдери“, истакна Клоп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„На почетокот на сезоната беше лудсот да помислам дека може да играме во финале од Лигата на шампиони, но ете, сега сме на чекор од него. Против Рома не очекува фантастичен натпревар. Тие се многу добар тим и често ги гледам нивните натпревари“, заклучи Германецот.
Клоп доби и интересно прашање околу Мохамед Салах, односно како ќе реагира Рома против нивниот поранешен играч.
„Тоа е нормално за тренерите и клубовите да ги менуваат своите клубови и да играат против нивните колеги, па и јас бев во таа ситуација против Борусија Дортмунд пред две години“.
Klopp on #LFC and Roma being in the #UCL semis: "Both teams deserve it. Roma have all my respect. We both have the chance to go to the final – and that's all I need. Let's try everything to do it."
Watch live and free: https://t.co/fRCf4TEyVW pic.twitter.com/ydwQXYq53B
— Liverpool FC (@LFC) April 23, 2018