Jирген Клоп приреди шоу по доаѓањето во Мадрид каде што денес Ливерпул ќе го игра првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
После прес-конференција најмногу се зборува за неговиот одоговор на прашањето од новинарите кој клуб би сакал да го тренира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека би можел да водам било кој од трите најголеми клубови, но мојот шпански јазик е очаен, едвај на вашиот јазик знам да нарачам пиво. Затоа Мајорка би ми била по мерка. Би било убаво да се живее таму, таа клима…“.
За Германцот стигна и одговор од шпанскиот клуб.
„Најдобрите секогаш сакаат да дојдат кад нас затоа го имаме Луис Гарсија Плаза. Јирген, рајот секогаш е добра опција“.
Споменатиот Гарсија е актуелниот тренер на Мајорка.
Los mejores siempre han querido venir…
— Real Mallorca (@RCD_Mallorca) April 5, 2021
Por eso ahora tenemos a @LuisGarciaPlaza 😜
𝑷𝒂𝒓𝒂𝒅𝒊𝒔𝒆 𝒊𝒔 𝒂𝒍𝒘𝒂𝒚𝒔 𝒂 𝒈𝒐𝒐𝒅 𝒐𝒑𝒕𝒊𝒐𝒏, 𝑱𝒖̈𝒓𝒈𝒆𝒏 ☀️ 🌴 pic.twitter.com/GevwzX2cnq