Дома Фудбал Англија Клоп се отвори, но тоа нема да им се допадне на навивачите

Клоп се отвори, но тоа нема да им се допадне на навивачите

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нагласи дека клубот по негова одлука не довел ниту еден напаѓач во летниот преоден рок.

Неговиот тим во последните недели е мета на критики поради неефикасноста на составот, односно големиот број пропуштени шанси, но Клоп смета дека не му е неопходен нов голгетер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Навивачите се нетрпеливи, веруваат дека тимот мора да постигнува многу повеќе погодоци, а со самото тоа да имаат и повеќе победи, но Клоп ги смирува страстите и им верува на своите играчи.

„Кажете ми напаѓач кој е подобар од нашите, и кој подобро би се вклопил во нашиот стил од играчи кои веќе ги имаме? Ние не сме луди, јас сум многу среќен. Го имаме Фирмино, кој можеби нема да даде 25 погодоци во сезоната, но прашајте било кого во ПЛ за него, ќе би каже „каков играч“. Исто така, го имаме Стариџ, сите знаеме каков потенцијал поседува, колку може кога е подготвен. И на крајот, го имаме Соланке кој е најголем талент на позицијата „деветка“. Тоа е фантастично за нас“, истакна Клоп.

Ливерпул утре и гостува на екипата на Њукасл, па останува да видиме како ќе се покажат неговите офанзивци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави се огласи по најавите дека ќе биде сменет!

Од по натпреваерот против Алмерија во јавноста на големо се пишува за можната смена на Чав…