Дома Фудбал Англија Клоп се обрати до навивачите преку отворено писмо

Клоп се обрати до навивачите преку отворено писмо

Голем број навивачи на Ливерпул се собраа на улиците во градот после поразот на Манчестер Сити против Челзи. Тој резултат на Ливерпул и математички му ја обезбеди титулата на која чека 30 години.

И покрај пандемијата со коронавирусот навивачите излегоа на улиците да слават, а освен непочитувањето на мерките во пандемијата 15 фанови беа уапсени поради насилство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во заедничко соопштение на клубот и полицијата Ливерпул го осуди таквото однесување. Сега отворено писмо до навивачите испрати и менаџерот Јирген Клоп. Тоа писмо беше објавено на порталот, „Ливерпул Ехо“.

„Јас сум човечко суштество и ја делам вашата страст, но сега најважно е да нема повеќе вакви собири. Тоа го должиме на најпогодените од нашата заедница, здравствените работници кои ни дадоа многу, тука е и полицијата со локалнисте власти кои ни помагаат како клуб да не правиме такви работи. Ве молам, славете, но тоа правете го приватно. На тој начин нема да ризикуваме ширење на вирусот. Си должиме на себе и на другите да го направиме она што е исправно. Кога ќе дојде време сите заедно ќе славиме. Ќе уживаме во моментите и ќе го обоиме градот во црвено. Но, сега ве молам останете дома колку што е можно повеќе“, стои во писмото на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…