Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна ддека бил вистински загрижен кога се појавија шпекулациите дека може да биде анулирана сезоната во Премиер лигата.
На почетокот од пандемијата беше прекината сезоната во Премиер лигата и не се знаеше дали воопшто ќе продолжи, па Ливерпул можеше да остане без титулата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезоната продолжи, а Ливерпул во недела ќе го игра првиот меч после паузата, и тоа против градскиот ривал Евертон.
„Започнав да се вознемирувам кога луѓето почнаа да зборуваат дека првенството нема да продолжи. Тоа беше навистина многу тежок период. Не сакаме да ја добиеме титулата како подарок, ниту сакавме да ја добиеме титулата поради досега освоените бодови. Едноставно сакавме да излеземе на терен и да продолжиме да играме“, истакна Клоп.
„Одлично е решението за повторно играње. Сега ни следи меч против Евертон и знаеме дека нема да биде исто како кога има публика на овој градски дуел. Сепак дерби си е дерби и е важно за двата тима. Ние со нетрпение очекуваме да излеземе на терен“, додаде германскиот стартег.