Ливерпул и Милан вчера одиграа одлично дерби во Лигата на шампионите, а на крајот славеа „црвените“ со 3:2.
Натпреварот Ливерпул одлично го започна, стигна до водство со автоголот на Томори во 9. минута, а пет минути подоцна Мањан му одбрани пенал на Салах. Во самиот финиш од полувремето Милан прво преку Ребиќ изедначи во 42. минута, а потоа Диаз донесе целосен пресврт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Салах и Хендерсон во второто полувреме ја вратија предноста на Ливерпул кој на крајот и славеше.
„Одлично го започнавме натпреварот, игравме супер, со силен интезитет. Не им оставивме да имаат шанса до финишот на полувремето кога бевме казнети за се што пропуштивме. Натпреварот беше одличен и возбудлив. Во последните 15 минути ние ја загубивме иницијативната и не бевме компактни“.
„Самите можеше да си ги искомплицираме работите, но за среќа постигнавме два гола и победивме. По нивните голови ние повторно игравме убав фудбал“, изјави Клоп.