Дома Фудбал Англија Клоп разочаран од новата повреда на Луис Дијаз: Добив вистинска шлаканица…

Клоп разочаран од новата повреда на Луис Дијаз: Добив вистинска шлаканица…

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска изјави дека е разочаран од новата повреда на Луис Дијаз.

Дијаз се повреди минатата недела на тренинг за подготовките на тимот во Обединетите Арапски Емирати.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


“Тоа секако е големо разочарување за сите нас, како и за него. Повредата се случи на тренинг. Прво не беше ништо, а потоа почувствува нешто.

Следниот ден не ја почувствува многу повредата, но ние сакавме да бидеме внимателни и го испративме да направи детални прегледи. Тогаш ја добивме веста и тоа беше вистинска шлаканица за мене. Но, тоа е, мораме да се соочиме и со оваа ситуација“, изјави Клоп, пренесе Скај.

Дијаз отсуствуваше откако го повреди коленото при поразот од Арсенал (2:3) на 9 октомври, но се подготвуваше да се врати на теренот.

Пред да се повреди во октомври, колумбискиот фудбалер одигра 12 натпревари, постигна четири гола и имаше три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ова зборуваа Гвардиола и Клоп: Уште еден тренер реагираше на проблемот кој се почесто е главна тема!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, се придружи на низата тренери и играчи кои иста…