Ливерпул синоќа загуби со 4:2 на „Олимпико“, но тоа беше доволно за пласман во финалето во Лигата на шампиони.
Менаџерот на „црвените“ не можеше да ја сокрие радоста поради пласманот во финалето, но призна дека неговиот тим имал среќа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ова е финале за нашиот навивач Кокс. Го кажавме тоа пред натпреварот, а сега сме таму. Нашите молитви и желби му ги посветуваме нему“, изјави Клоп и додаде:
„Беше возбудливо, малку повеќе од она што го сакав. Знам дека имавме среќа. Го имавме резултатот кој го сакавме, водевме со 2:1. Меѓутоа, не направивме доволно во контранападите и не го контролиравме просторот кој ни го дадоа, па го загубивме натпреварот. Сепак, не може без малку среќа, ни беше потребна овој пат. И на Реал исто така му беше потребно малку среќа. Овие момци тоа го заслужија, беше лудо“, заклучи Германецот.