Дома Фудбал Англија Клоп пред ждребот: Групите ќе бидат неверојатни, ова е лудо!

Клоп пред ждребот: Групите ќе бидат неверојатни, ова е лудо!

Тренерот на актуелниот европски шампион Јирген Клоп даде свој коментар пред денешната ждрепка во Лигата на шампиони.

Клоп не е убеден во тоа дека и годинава ќе има доминација на Англичаните и смета дека групите ќе бидат исклучително тешки оваа година.

„Групите ќе бидат неверојатни, немам никаква претстава кој би ја освоил Лигата на шампионите, имаме шанси како и сите други екипи, но, не сметам дека англиските екипи ќе доминираат оваа сезона“,смета Клоп.

„Ова е лудо, јас дури и не мислам дека некогаш постоел посилен втор шешир, сите тие би требало да бидат во првиот, но, таму нема место за сите, истото го сметам и за останатите шешири, во четвртиот дури се најде Лајпциг, неверојатно“, додаде германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Грилиш ги изненади сите со изборот на новиот клуб.

Џек Грилиш би можел да направи еден од најнеочекуваните потези ова лето, а неговиот идниот…