Дома Фудбал Англија Клоп прави шампионски тим – спремен планот за преговори со ѕвездата на Барселона

Клоп прави шампионски тим – спремен планот за преговори со ѕвездата на Барселона

Екипата на Ливерпул сериозно се припрема за напад на титулата во ПЛ во наредната сезона.
Црвените на трофејот во Англија чекаат од 1990 година и приоритет на менаџерот Јирген Клоп е титулата во ПЛ.

Тимот од Енфилд веќе ги ангажираше Наби Кеита од Лајпциг и Фабињо од Монако, а се верува дека на Енфилд ќе пристигне и Фекир од Лион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, тоа не е се што го посакува Клоп. Германскиот стручњак тргна по фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле. Младиот Французин, кој не се изнаигра во дресот на Каталонците го гледа како идеален за својот тим.

Клоп преговорите ќе ги започне со мајката на 21-годишниот фудбалер, претставувајќи го планот и програмата која ја има, а потоа ќе разговара и со играчот, додека на Барселона ќе испрати понуда вредна 100 милиони евра.

Дембеле е член на Барселона од претходното лето. Платен е 115 милиони евра, но повредите го спречија да покаже што знае. Одигра само 24 натпревари, постигна четири погодоци и девет асистенции.

Претходно настапуваше за Дортмунд и Рен, а отсекогаш е желба на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…