Дома Топ вести Клоп прави „тандем од соништата“: Ливерпул испрати понуда за Кулибали

Клоп прави „тандем од соништата“: Ливерпул испрати понуда за Кулибали

Ливерпул е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесуваат италијанските медиуми.

Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клоп е во потрага по централен дефанзивец кој ќе му биде партнер на Ван Дајк и сака да направи „тандем од соништата“. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека „црвените“ веќе испратиле прва понуда од 60 милиони евра за Сенегалецот.

Наполи и понатаму инсистира на 100 милиони евра, но тешко дека ќе ја добие таа сума, а самиот Кулибали сака да ја промени средината.

Се претпоставува дека дефанзивецот ова лето може да си замине за сума помеѓу 70 и 80 милиони евра, а покрај Ливерпул за него интерес покажувата клубовите од Манчестер и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…