Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп по дебаклот: Им подаривме пет гола, немавме среќа да постигнеме трет

Клоп по дебаклот: Им подаривме пет гола, немавме среќа да постигнеме трет

Ливерпул вчера доживеа дебакл против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, „кралевите“ беа подобри со 5:2, иако прво поведоа со два гола во првите 15 минути од натпреварот.

Стратегот на „црвените“, Јирген Клоп смета дека тимот можел подобро да реагира при сите пет примени гола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Им подаривме пет гола, во секој можевме да реагираме подобро. Важно е да извлечеме поука и позитивни работи. Требаше подобро да се браниме, разговаравме на полувремето, но потоа дојде третиот гол која промени играта. Доминираа, а нас ни недостасуваше среќа по трет пат да го најдеме патот до мрежата. Во второто полувреме се одеше во насока како што сака Реал кој секогаш казнува ако грешиш“.

Според многумина ова е голем удар за Ливерпул, а Клоп порачува дека ваквиот резултат не треба да влијае на остатокот од сезоната.

„Луѓето сметаат дека ова е голем удар, но ова е само резултат и пораз од кој можеме многу да научиме. Нема да дозволиме да влијае на остатокот од сезоната. Реал е еден од најдобрите тимови во светот и фала му на Господ што не играме со нив секоја недела, навистина е тешко да се браните“, истакна германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…