Дома Фудбал Англија Клоп потврди голема промена во Ливерпул!

Клоп потврди голема промена во Ливерпул!

Јирген Клоп потврди дека ќе има промена во неговиот тим…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египќанецот, Мохамед Салах повеќе нема да ги шутира пеналите за тимот на Ливерпул, тоа го индиректно го потврди Јирген Клоп, па сега се отвори дебата кој ќе биде следниот „пеналџија“.

Салах доби шанса против Хадерсфилд, но очајно шутираше. Џејмс Милнер ги изведуваше пеналите минатата сезона, беше успешен, но оваа сезона е во втор план.

„Сметав дека има смисла Салах да ги изведува пеналите откако покажа одлучност против Египет во квалификациите, но очигледно дека Ливерпул е преголем притисок за него. Не сум сигурен кој би можел да биде најдобро решение, мислам дека Даниел Стариџ би бил добро решение“, изјави Клоп, иако е проблем што Стариџ како и Милнер не е стандарден првотимец.

Тука секако се Фирмино и Кутињо, првиот промаши пенал против Севиља, па така се наведува на тоа дека Бразилецот кој беше пред заминување ќе ја превземе одговорноста.

Ливерпул утре вечер го дочекува Мариобор, а потоа за викендот во рамките од Премиер лигата гостува кај екипата на Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кажал „да“, Арсенал може да добие големо засилување

Арсенал е решен да го доведе Бруно Гимараеш на Емирати. Како ПАМЕТНО да типувате на World …