Ливерпул синоќа на Енфилд прокоцкаа водство од 2:0 и после продолженијата беа поразени од Атлетико Мадрид со 2:3.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После натпреварот, Јирген Клоп не го криеше разочарувањето, но поради играта на противничката екипа, која цел натпревар играше во дефанзива.
„Задоволен сум од настапот на својот тим, но што да кажам повеќе? Тешко е да се игра против вакви екипи. Не знам зошто играат таков фудбал со играчите кои ги имаат.“ – изјави Клоп и додаде:
„Кога видам играчи како Коке, Саул, Љоренте да играат таков фудбал…Можат лесно да играат поразлично, а не само да стојат на својата половина и играат на контра.“
Сепак, Клоп го призна поразот…
„Поразени сме и тоа мора да го прифатиме. Честитки за Атлетико. Не се чувствувам добро вечерва, лошо ги прифаќам поразите.“ – додаде Клоп.