Дома Фудбал Англија Клоп: Не разбирам како може да играат таков фудбал

Клоп: Не разбирам како може да играат таков фудбал

Ливерпул синоќа беше елиминиран од Лигата на шампиони откако на домашен терен беше поразен од Атлетико Мадрид (2:3) после продолженија.

„Црвените“ доминираа во текот на целиот меч и имаа голем број на шанси, но не успеаа да ги победат „јорганџиите“ кои главно беа дефанзивно ориентирани.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


После мечот Јирген  Клоп не можеше да го сокрие разочарувањето и изрази неверување кон играта на противникот.

„Не разбирам како можат тие со таков квалитет што го имаат да играат фудбал каков што играа. Тие можат да играат пристоен фудбал, но стоеја длабоко и играа на контри. Разбирам дека сега делувам како лош губитник, особено бидејќи момците вложија голем напор против играчи кои се светска класа, но кои се бранеа во два реда со по четворица фудбалери“, изјави Клоп.

Поразот од Атлетико е првата елиминација во нокаут фазата за Клоп како тренер на Ливерпул. Во неговата прва сезона на „Енфилд“ играше финале во Лига Европа (пораз од Севиља), потоа стигна до финалето во Лигата на шампионите (пораз од Реал), а минатата сезона успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…