Дома Фудбал Англија Клоп: Не знам што се случуваше оваа недела, како некоја вештерка да ни дојде

Клоп: Не знам што се случуваше оваа недела, како некоја вештерка да ни дојде

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се пожали дека неговиот тим се соочил со проблеми пред натпреварот против Кристал Палас.

Во почетниот состав на Ливерпул имаше дури четири промени, место добија Нејт Филипс, Харви Елиот, Џејмс Милнер и Дарвин Нуњез. Отпаднаа: Џоел Матип, Џордан Хендерсон, Тиаго Алкантара и Роберто Фирмино.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Засилувањето Нуњез нема да биде во комбинација за следниот натпревар во кој Ливерпул ќе игра против Манчестер Јунајтед затоа што вчера заработи црвен картон.

„Ова беше луда недела. Сме се соочувале со проблеми во минатото, но ова беше како некоја вештерка да ни дојде на гости. Секој ден некој се повлекуваше поради повреда, не знам што се случуваше“, се пожали германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид доби одлична вест пред натпреварот против Билбао

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, најверојатно ќе се врати во тимот за претстојниот…