Дома Фудбал Англија Клоп најде оправдување за цената на Алисон

Клоп најде оправдување за цената на Алисон

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е убеден дека изборот да го донесе Алисон од Рома е исправен и покрај фактот што беше платена рекордна сума за еден голман – 75 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во зимскиот преоден рок „црвените“ исто така го направија Вирџил ван Дијк најскап дефанзивец, што се коси со принципите на Клоп, кој тврдеше дека никогаш нема да потроши толку пари на еден фудбалер.

„Сите си мислат дека тоа се многу пари. Така е, тоа се многу пари. Но видете ја клаузулата на Јан Облак која изнесува 100 милиони евра. Притоа, ова е година каде нема големо раздвижување на голмани на трансфер пазарот“, изјави Клоп.

„Тоа е дел од мојата работа, да се обидам да ги донесам што е можно најдобрите фудбалери за кои имам можност. Пазарот на голманите е различен од останатите, па поради тоа цената е прифатлива“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Скандал на Мундијалот: Име на забранета легенда во Турција се појави на стадион (Фото)

Фудбалската репрезентација на Турција доживе рано испаѓање на Мундијалот. По поразот од Ав…