Дома Фудбал Англија Клоп: Мора да менуваме многу работи на лето

Клоп: Мора да менуваме многу работи на лето

Ливерпул игра многу лоша сезона, под сите очекувања, па јасно е дека на тимот му претстојат промени на лето.

„Црвените“ брзо отпаднаа од трката за титулата во Премиер лигата, доживеаа дебакл во ЛШ, а се борат за пласман во Топ 4.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јирген Клоп призна дека ќе има многу промени и му претстои многу работа на лето.

„Знаеме дека мора да напредуваме и да ги менуваме работите и тоа ќе го направиме. Не очекува многу работи на лето, но тоа не можеме сега да го сториме. Сега останува само со сопствени сили да се избориме за целите“, изјави Клоп.

Договорите им истекуваат а крајот на сезоната на Кеита, Милнер, Окслејд-Чембрлен и Роберто Фирмино.

„Се уште не можеме да знаеме кого ќе донесеме и колку играчи додека не знаеме кои сите ќе заминат. Нашите трансфери мора да имаат смисла. Во јануари не беше време за големи промени“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…