Дома Фудбал Англија Клоп: Можеме да изгубиме шест натпревари и да бидеме шампиони? Ми се повраќа од тоа

Клоп: Можеме да изгубиме шест натпревари и да бидеме шампиони? Ми се повраќа од тоа

Ливерпул го совлада Вулверхемптон со 2:1 во рамките од Премиер лигата и така стигна до неверојатна низа од 40 натпревар без пораз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Само чудо може да го спречи Ливерпул да не стигне до титулата во Премиер лигата на која чека 30 години. „Црвените“ имаат предност од 16 бода и натпревар помалку во однос на Манчестер Сити. Сепак, за Клоп ништо не е завршено.

Еден новинар после вчерашниот натпревар му сугерираше на Клоп дека можат да изгубат шест натпревари и повторно да бидат шампиони. На Клоп таквата констатација не му се допадна.

„Можеме да изгубиме шест натпревар? Не, не гледам така на тоа. Всушност ми се повраќа кога ќе слушнам тоа. Завршено е, кога ќе биде завршен, никако пред тоа. Зошто воопшто да размислувам на такво нешто? Доволно ни е тешко и вака“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ТУХЕЛ ПОБЕСНЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЛЕДНИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Англија успешно ја заврши последната подготовка пред Светското првенство, победувајќи ја К…