Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е лут поради тврдењата дека неговиот тим сака намерно да биде елиминиран од Лигата на шампиони за да се фокусира на Премиер лигата.
Денес Ливерпул му гостува на Баерн Минхен ви реванш осминафиналниот дуел од најелитниот турнир.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите често пишуваат за тоа во последниот месец, дека е подобро за Ливерпул само да се насочи на Премиер лигата и да го намали интензитетот на игра во Лигата на шампионите.
„Ние и натаму сакаме да ја докажеме нашата вредност во Европа. Важно е за клубот да им докажеме на сите дека сме силни во Европа. Ние сега имаме шанса, не сме како деца кои мислат дека ги загубиле сите шанси кога ќе не победат во првиот меч. Лесно е да се зборува во студија или да се пишува во канцеларија дека подобро е „Ливерпул да биде елиминиран“, истакна Клоп.
„Мислите дека подобро е веднаш да бидете елиминирани од сите купови? Направете го тоа и сите ќе ве нападнат како луди. Што сега, блиску сме до крајот на сезоната, успеавме да стигнеме овде во Лигата на шампионите и треба да бидеме елиминирани? Тоа е лудо. Тоа е причина зошто тие кои така мислат немаат работа покрај аут линијата“, заклучи Германецот.