Дома Фудбал Англија Клоп: Кин кажал дека сме играле лошо? Сигурно гледал друг натпревар ?

Клоп: Кин кажал дека сме играле лошо? Сигурно гледал друг натпревар ?

Ливерпул вчера на свој терен го победи Арсенал во дербито од 3. коло во Премиер лигата со 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арсенал успеа да поведе со 1:0 со голот на Лаказет, но домаќините стигнаа до пресврт со головите на Мане, Робертсон и Жота. После натпреварот во центарот на вниманието се најде Клоп.

Тренерот на Ливерпул слушнал дека Рој Кин во коментирањето на натпреварот кажал дека Ливерпул игра лошо, а тоа не му се допадна на германскиот стратег.

„Дали Кин кажал дека сме играле лошо во вечерва? Мора да гледал некој друг натпревар, ништо не беше лошо. Овој натпревар беше извонреден. Фудбалот кој го игравме беше навистина извонреден“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …