Дома Фудбал Англија Клоп им забрани на играчите да зборуваат за освоената титула во ЛШ

Клоп им забрани на играчите да зборуваат за освоената титула во ЛШ

Јирген Клоп им забрани на играчите да зборуваат за освоената титула во ЛШ.

Во јуни оваа година Ливерпул во Мадрид го совлада Тотенхем со 2:0 и по шести пат во историјата ја освои европската титула.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, тренерот на Ливерпул смета дека играчите имале доволно време да го прослават големиот триумф и дека повеќе не треба да зборуваат за тоа.

„После припремните натпревари никој не треба да зборува со мене за трофејот во ЛШ. Не го носиме со нас, сега започнуваме ново поглавје.“ – изјави Клоп и додаде:

„Би бил среќен доколку и оваа сезона ја започнеме како претходната. Има место за напредок, а важно е да биде конзистентни на високо ниво.“

Од друга страна, Ливерпул не беше многу активен на трансфер пазарот. Во клубот пристигна само младиот Сеп ван Ден Берг, кој дојде од Зволе за 1.7 милиони фунти.

Црвените ќе одиграат уште две пријателски натпревари, против Наполи и Лион, а после тоа официјално ќе ја отворат сезоната со натпреварот во Комјунити Шилд против Манчестер Сити. Овој натпревар ќе се одигра на 4. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…