Дома Фудбал Англија Клоп: Иако Мурињо се очекува да го „паркира автобусот“, тој термин не ми се допаѓа

Клоп: Иако Мурињо се очекува да го „паркира автобусот“, тој термин не ми се допаѓа

Јирген Клоп во своите прогнози за утрешното дерби, вели дека неговиот тим очекува да го нападне Јунајтед, како и филозофијата на Португалецот.

Во рамки на 30. коло ќе се води голема битка помеѓу овие две екипи за втората позиција на табелата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тие имаат два бода повеќе од нас. Сакаме позитивен резултат, со таа цел патуваме во Манчестер, ќе мора да создаваме простор“, истакна предводникот на „Црвените“.

Клоп беше праша дали очекува неговиот колега да го „паркира автобусот“, на што тој одговори:

„Никогаш не би го користел тој термин. Немам проблеми со одбраната. Тие имаат свој стил, ние исто така. Но, се се насочува на тој кој ќе триумфира. Кога Јунајтед ќе напаѓа, се надевам дека сите мои играчи ќе се бранат. Ако некој вели дека тоа е „паркирање на автобус“, јас немам проблем со тоа. Не мислам дека овој дуел ќе одлучи многу работи. Ако славиме, ќе имаме само бод повеќе“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус потпиша нов договор со својот капитен

Откако неодамна Јувентус ги обнови договорите со својата млада ѕвезда Кенан Јилдуз и трене…