Дома Фудбал Англија Клоп за „Златната топка“: Нема дефанзивец со поинпресивна сезона од Ван Дајк

Клоп за „Златната топка“: Нема дефанзивец со поинпресивна сезона од Ван Дајк

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде свој коментар за „Златната топка“ која оваа сезона заврши во рацете на Лионел Меси, кој го победи Ван Дајк во траката.

Клоп смета дека Меси е најдобриот играч кој некогаш го видел, но тврди дека не постои дефанзивец кој имал подобра сезона од Ван Дајк.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Одлуката ја донесоа новинарите. Така гледаат луѓето, апсолутно нема никаков проблем. Меси е веројатно најдобриот играч што сум го видел во целиот мој живот. Тука е и Марадона, но Меси го имам гледано почесто. Лео со право го освои трофејот шест пати“, истакна Клоп.

„Меѓутоа, не можам да се потсетам на поимпресивна сезона што ја имал еден дефанзивец. Она што го кажа Ван Дајк по церемонијата беше апсолутно точно. Јас сум многу среќен за моите играчи. Имавме одлична сезона, сега се дистрибуираат наградите. Сите момци можат да се борат за нови оваа сезона“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…