Денес во Нион беа извлечени паровите за осминафиналето во Лигата на шампиони, а еден од тимовите кои немаше поволен ждреб беше Атлетико Мадрид.
Избраниците на Диего Симеоне во првата рунда ќе играат против европскиот шампион Ливерпул. Интересен коментар за таквиот ждреб даде стратегот на „црвените“ Јирген Клоп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Од Мадрид имаме убави спомени, таму ја освоивме Лигата на шампионите. Сепак, сега ќе играме на нивниот стадион и ќе биде тешко. Според мене во овие осминафинални парови има пет потенцијални финалиња“.
„Симеоне сигурно не шетал задоволен во својата соба откако го доби Ливерпул. Атлетико и Ливерпул се два тима кои играат различен фудбал“, изјави Клоп по ждребот.