Дома Фудбал Англија Клоп за домаќинството на Катар: Ова е катастрофа

Клоп за домаќинството на Катар: Ова е катастрофа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш потврди дека е против Катар да биде домаќин на планетарниот фудбалски турнир.

Клоп изјави дека ќе земе неколку слободи денови и ќе гледа натпревари само ако има можност.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Нема да се оптоварувам со фудбал и ќе земам неколку слободи денови за одмор. Ако имам време ќе гледам некои натпревари, но ако немам време нема да гледам“, изјави Клоп.

Клоп продолжува да мисли дека Катар не требало да биде организатор на Мундијалот поради обвиненијата за корупција како и непочитувањето на човечките права.

„Ова е катастрофа. Системот мириса. Во ФИФА не се променило ништо од 2010 година, се промени само претседателот. Инфантино вели дека ова ќе биде најдоброто Светско првенство, па ајде да видиме“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…