Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во среда ќе го играат дербито на „Олд Трафорд“ и тоа ќе биде исклучително важен натпревар и за Ливерпул кој е во трка за „граѓаните“ за шампионската титула во Премиер лигата.
Ливерпул до крајот на сезоната се надева на кикс на Манчестер Сити за да стигнат до титулата, а последната најголема надеж за „црвените“ е дербито на Манчестер, потоа следуваат условно кажано полесни натпревари во кој „граѓаните“ ќе бидат изразити фавороти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После вчерашниот натпревар на Ливерпул против Кардиф и победата од 0:2 пред медиумите Клоп зборуваше и за натпреварот кој во среда ќе го играат ривалите од Манчестер.
Клоп беше запрашан дали ќе го гледа ова дерби.
„Ако немам што друго да правам ќе го гледам тој натпревар. Искрено се надевам дека нема да се нервирам пред телевизорот бидејќи не сум покрај теренот и не можам да влијаам на апсолутно на никаков начин“.
Не пропушти Германецот да испрати и мала провокација до „црвените ѓаволи“ за високиот пораз од Евертон
„Исто така не се надевам премногу дека Манчестер Јунајтед може да направи нешто…Каков беше резултатот против Евертон? 3:0, 4:0? Сепак ќе видиме, Сити е подготвен, а дали и Јунајтед ќе покаже натпреварот. Ние на тој терен одигравме нерешено, но сега немаме никакво влијание и мораме да се фокусираме само на работите кои можеме да ги контролираме“, изјави Клоп.