Дома Фудбал Англија Клоп е навистина посебен: Му оддаде големо признание на играчот на Јунајтед

Клоп е навистина посебен: Му оддаде големо признание на играчот на Јунајтед

Во текот на пандемијата со коронавирусот ниту една ѕвезда од англискиот фудбал не беше толку активна како што беше фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рашфорд ја воодушеви британската јавност со својата хуманост во изминатите месеци, а успеа да собере милиони фунти за помош на оние на кои им е најпотребно.

Неодамна успеа да ги убеди и политичарите да продолжат бесплатните оброци за најзагрозените деца и во текот на летото.

Англискиот репрезентативец го воодушеви и Јирген Клоп. После коментарите на тренерот за хуманите активности на Рашфорд, можеби сите треба да се запрашаме за некои работи.

„Она што го направи Рашфорд ме воодушеви. Тоа е неверојатно. Малку е срамотно што воопшто мораше тоа да го работи бидејќи таквите работи треба да бидат природни. Но, некој треба тоа да го покрене, а тој го направи на неверојатен начин.“ – изјави Клоп.

Инаку, Клоп и Ливерпул вечерва се враќаат на теренот после тримесечната пауза. Ливерпул во градското дерби ќе го угости Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Омерагиќ и ФФМ со поддршка за иницијативата јужната трибина да се вика Васил Рингов

Навивачите на ФК Вардар за време на денешниот натпревар против ФК Силекс (2-1) уште еднаш …