Дома Фудбал Англија Клоп: Да знаев дека Алисон вака ќе брани, ќе го платев двојно повеќе

Клоп: Да знаев дека Алисон вака ќе брани, ќе го платев двојно повеќе

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше пресреќен после големата победа над Наполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените“ го победија Наполи со 1:0 со голот на Мохамед Салах и тоа им беше доволно за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Многу сум среќен и горд. Му благодарам на „Енфилд“. Немам зборови да го опишам ова. Салах постигна неверојатен гол и не знам како ја одбрани шансата на Милик. Ова беше луд натпревар со многу контри, но бевме спремни за ваква игра. УЕФА можеби мислеше дека натпреварувањето може да се продолжи без Ливерпул, но се уште сме живи“.

„Да знаев дека Алисон вака ќе брани ќе го платев и двојно повеќе“, изјави Клоп.

Потоа Клоп доби прашање за ждребот во осминафиналто.

„Во 20:55 вечерва не бев сигурен дали ќе бидеме во ждребот, а сега не ме интересира против кого ќе играме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фабрицио Романо со „here we go“ ја потврди „бомбата“: Манчестер сити има нов тренер!

Енцо Мареска наскоро ќе го преземе кормилото на Манчестер Сити и ќе го замени Пеп Гвардиол…