Дома Топ вести Клоп го сака играчот кој ја воодушеви Европа и не прашува за цена!

Клоп го сака играчот кој ја воодушеви Европа и не прашува за цена!

Јирген Клоп е подготвен на се за да го доведе играчот кој се опишува како комбинација на Н`Голо Канте и Лука Модриќ.

Ливерпул е во потрага за засилувања за следната сезона во која освен шампионатот, ќе играат и во ЛШ. Токму најелитното натпреварување „Црвените“ сакаат да го искористат како аргумент за привлекување на спектакуларни засилувања, кои изминативе години редовно пристигнуваа во Ливерпул.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Јирген Клоп е подготвен и на рекордни трошоци само да ја прекине оваа засрамувачка традиција. Според пишувањето на „The Times“, Клоп на управата на Ливерпул им рекол да направат се што треба само да дојдат до Наби Кеита, 22-годишниот играч за врска на Лајпциг и еден од најдобрите млади играчи на Бундес лигата.

Кеита со своите игри го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Лајпциг нема намера да го продаде еден од своите клучни играчи. Поради тоа, поставија цена од дури 80 милиони евра, но изгледа дека тоа не го обесхрабри Ливерпул кој е подготвен да ја плати таа цена и да го доведе играчот кој е голем потенцијал.

Комбинација од Канте и Модриќ

Гвинејскиот репрезентативец Кеита со физичките карактеристики потсетува на Н`Голо Канте, а како и одличниот играч на Челзи, одличен е во распаѓањето на протвничката игра и освојување на топката. Меѓутоа, она што го прави Кеита толку баран е неговиот многу поголем офанзивен потенцијал.

Кеита многу често се одлучува за напаѓачките летови; оваа сезона постигна осум гола со седум асистенции, а на своите соиграчи им направи 41 прилика за гол (за спроедба со Канте кој создаде 22). Освен на Канте, со своите игри на позицијата централен играч за врска често потсетува на Лука Модриќ, а таа особина би можела да го претвори во еден од најдобрите играчи за врска во светот.

80 милиони можеби изгледаат многу, но со овој трансфер Ливерпул конечно го реши проклетствово на трансфер периодот и привлече играч кој може да стане еден од најдобрите на својата позиција.

Претходно, „Црвените“ го доведоа Мухамед Салах од Рома, а се очекува и трансферот на Вергилиј Ван Дајк откако Саутемптон го пријави Ливерпул поради недозволениот пристап на играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мајката на Мбапе за неговата иднина: Сите знаете кој ќе биде негов следен клуб

Килијан Мбапе го потврди своето заминување од ПСЖ и за нештго повеќе од еден месец ќе биде…